ПРВ.мк

Во Македонија се воведува комунална полиција, а идните градоначалници ќе се отповикуваат со референдум !!!

Во Македонија се воведува комунална полиција, а идните градоначалници ќе се отповикуваат со референдум !!!
Jumbo Banner

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница, со кои се предвидува и референдумско отповикување на градоначалници, воведување на комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво.

Новото законско решение ќе почнат да важат за градоначалниците кои ќе бидат избрани на локални избори кои ќе се одржат оваа есен.

Предлог-измените ќе бидат испратени во собраниска процедура и доколку бидат донесени до летово, ќе важат за новите градоначалници кои ќе се избираат во октомври на редовните локални избори.

„По одобрувањето од страна на Собранието, овие измени ќе донесат значителни подобрувања во функционирањето на општините, зголемување на транспарентноста, граѓанското учество и административната ефикасност“, велат од Владата.

Измените предвидуваат распишување на референдум за отповикување на градоначалник доколку 20 проценти од граѓаните во општината побараат предлог за негово разрешување.

ЗЕЛС ја поздрави одлуката на Владата за усвојување на Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа, а особено делот кој се однесува на формирање на општинска комунална полиција.

Слободен Печат

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран