ПРВ.мк

Фудбалски спектакл на „Џузепе Меаца“: Интер во финале по неверојатна драма со Барселона

Фудбалски спектакл на „Џузепе Меаца“: Интер во финале по неверојатна драма со Барселона
Jumbo Banner

Неверојатен спектакл се одигра вечерва во Милано, каде Интер и Барселона приредија вистински фудбалски спектакл со вкупно 13 голови на двомечот. Реваншот од полуфиналето понуди сè – емоции, пресврти и голови во последните моменти.

Интер поведе со 2:0 и го шокираше каталонскиот гигант, но Барселона се врати во второто полувреме и направи целосен пресврт – 3:2. Кога многумина веќе ги гледаа Каталонците во финалето, Ачерби во 93-та минута израмни на 3:3 и ја разгоре надежта на „нероаѕурите“. Само неколку минути подоцна, Фратези го погоди победничкиот гол за 4:3, а голманот Сомер со неколку клучни интервенции го сочува резултатот.

Интер со оваа победа се пласира во своето седмо европско финале, каде ќе го очекува победникот од дуелот ПСЖ – Арсенал (прв меч 1:0 за ПСЖ).

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран