ПРВ.мк

Јамал испрати моќна порака до навивачите по синоќешниот пораз од Интер

Јамал испрати моќна порака до навивачите по синоќешниот пораз од Интер
Jumbo Banner

Барселона синоќа го заврши својот настап во Лигата на шампионите по драматичен пораз од Интер, што претставува тежок удар за каталонскиот гигант и неговите навивачи. И покрај разочарувањето, неколку играчи испратија пораки на поддршка и надеж до фановите, покажувајќи дека тимот не планира да се откаже од своите амбиции.

Најмногу внимание привлече објавата на младиот талент Ламин Јамал, од кого навивачите очекуваат да биде идниот лидер на Барселона и носител на трофеи во годините што доаѓаат. Јамал се огласи преку социјалните мрежи со силна и емотивна порака:

– Дадовме сè од себе, но оваа година не успеавме.
– Но, воопшто не се сомневајте, нема да застанеме додека не го одведеме клубот таму каде што заслужува да биде, а тоа е врвот.
– Ќе го исполнам ветувањето и ќе го донесеме трофејот во Барселона, нема да сопреме додека не го постигнеме тоа. Во недела не очекува друго финале и треба да сме обединети.

Изјавата на Јамал доби бројни позитивни реакции, а многумина ја сметаат за знак на зрелост и лидерство, иако самиот играч има само 17 години. Барселона сега го пренасочува фокусот кон домашните натпревари, каде ги очекува уште една важна пресметка веќе во недела.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран