Пари Сен Жермен обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите, откако во двомечот од полуфиналето беше подобар од Арсенал – со победа од 1-0 во Лондон и 2-1 на „Паркот на принцовите“.
По натпреварот, тренерот на францускиот шампион, Луис Енрике, се осврна и на заминувањето на Килијан Мбапе, кој летово направи трансфер во Реал Мадрид.
„Минатата сезона бев храбар кога реков дека без Мбапе ќе бидеме подобра екипа. И понатаму стојам зад тие зборови, а статистиката тоа го потврдува. Секако дека е штета што си замина, но тоа за нас беше мотив повеќе. Играчите го прифатија предизвикот и реагираа фантастично,“ рече Енрике.
Тој додаде дека, иако би сакал Мбапе да останел, колективната сила на тимот сега доаѓа до израз: „Секогаш би преферирал четворица играчи кои ќе постигнат по 10 голови, отколку еден со 40. Оваа екипа ја покажува вистинската димензија на тимската работа.“