ПРВ.мк

ПСЖ е вториот финалист во Лигата на шампионите

ПСЖ е вториот финалист во Лигата на шампионите
Jumbo Banner

ПСЖ успеа да ја потврди својата надмоќ и во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите, победувајќи го Арсенал со 2:1 во Париз. Со овој триумф, „светците“ обезбедија вкупна победа од 3:1 и пласман во финалето – второ во нивната историја во ова престижно натпреварување.

Натпреварот започна цврсто, но Французите први го пронајдоа патот до мрежата. Руиз го отвори резултатот во 27. минута, носејќи предност за ПСЖ по првото полувреме. Во 69. минута имаа шанса да зголемат преку пенал, но Витиња не беше прецизен. Сепак, само три минути подоцна Хакими успеа да реализира за 2:0, по убава асистенција од Дембеле.

Арсенал го намали водството во 76. минута преку Сака, но тоа беше се што успеаја да направат до крајот.

Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 31 мај во Минхен, а ПСЖ ќе се соочи со Интер, кој во другото полуфинале ја елиминираше Барселона.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран