ПРВ.мк
Свет

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Oд пепел и рушевини извелечени телата - загинатите пронајдени прегрнати!

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Oд пепел и рушевини извелечени телата - загинатите пронајдени прегрнати!

Во драматичен и потресен развој на настаните, спасувачките тимови во Индонезија ги пронашле телата на три лица кои загинале во силната ерупција на вулканот Дуконо на островот Халмахера, соопшти Националната агенција за кризен менаџмент.

Според официјалните информации, телата на двајца мажи биле пронајдени денеска, додека телото на една жена било извлечено претходно. Станува збор за странски државјани на возраст од 27 и 30 години.

Локалните власти потврдиле дека со ова е завршена операцијата за пребарување и спасување по една од најопасните вулкански ерупции во регионот.

Особено потресни се информациите објавени од светските медиуми, според кои двајца од загинатите, државјани на Сингапур, биле пронајдени во прегратка под урнати карпи, по ерупцијата на вулканот.

Шефот на индонезиската спасувачка служба, Иван Рамдани, изјавил дека извлекувањето на телата било исклучително тешко поради опасниот терен, обилните врнежи и континуираната вулканска активност. Тој додал дека во тек е обдукција во локалната болница.

Вулканот Дуконо, кој важи за еден од најактивните во регионот, продолжил да исфрла пепел и чад, а во деновите на ерупцијата бил забележан и висок столб од дим кој достигнал околу 10 километри во атмосферата.

И покрај трагедијата, 15 лица успеале да се спасат, меѓу кои седум државјани на Сингапур и осум државјани на Индонезија.

Најнови вести