ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Изречена казна за возачот што фрлаше шут на дива депонија - еве колку!

(ВИДЕО) Изречена казна за возачот што фрлаше шут на дива депонија - еве колку!

Општина Аеродром изрече висока парична казна од 20.000 евра во денарска противвредност против фирма која била затекната при нелегално одлагање градежен отпад во подрачјето на Долно Лисиче.

Случајот бил откриен при вонредна инспекциска контрола на локацијата позната како „Купишта“, каде инспекторите затекнале камион како истура градежен шут и ископана земја на простор кој не е одреден за таква намена.

Од општината информираат дека со тоа е прекршен Законот за управување со отпад, конкретно член 37, кој јасно забранува фрлање, оставање или напуштање отпад на непредвидени локации.

За прекршокот е издаден прекршочен платен налог од општинскиот инспекторат, а казната е изречена на фирмата „ХСА-Конструкцион“ ДООЕЛ увоз-извоз од Батинци, општина Студеничани.

Градоначалникот Дејан Митески соопшти дека општината ќе продолжи со засилени контроли на терен и дека нема да се дозволи создавање диви депонии и уништување на животната средина.

Случајот доби дополнително внимание и по објавите во дел од медиумите, кои наведуваат дека сопственик на фирмата е Харис Качапор, кој во моментов се соочува со судски процес поврзан со смртоносна сообраќајна несреќа во Скопје.

Според обвинението, несреќата се случила на 3 ноември на булеварот „Гоце Делчев“, по што осомничениот го напуштил местото на настанот, а подоцна бил пронајден во болница.

Качапор претходно бил опфатен и во предметот „Синџир“, каде се гонил за повеќе кривични дела поврзани со организирано финансиско криминално работење, а во тој случај постигнал спогодба со обвинителството и добил условна казна.

ВИДЕО

Извор: Скопје1.мк 

Најнови вести