Тројца швајцарски државјани загинаа в неделата при скијање во Канада, откако ги зафати лавина. Меѓу загинатите е познат бизнисмен од областа на недвижности од источна Швајцарија и неговите два сина.
Тројцата швајцарци загинаа за време на турaта со хелискијање во канадската провинција Британска Колумбија. Според весникот „Blick“, меѓу жртвите се таткото и двајцата синови. Петер В. беше познат бизнисмен кој реализирал големи градежни проекти низ Швајцарија и често се појавувал во медиумите, стекнувајќи препознатливост и надвор од локалните рамки.
Тој беше и активен во спорт, а на социјалните мрежи споделувал семејни моменти, меѓу кои и фотографии со синовите од патувања со нуркање.
Пријател на семејството, исто така бизнисмен од источна Швајцарија, за весникот „Blick“ изјавил:
- „Сите сме во шок и не можеме да поверуваме.“
Според информациите, бизнисменот се наоѓал со уште три лица на планината Маунт Кнаус, во близина на градот Террас, кога се активирала лавината. Меѓу загинатите се таткото и двајцата синови. Четврта личност е повредена – најверојатно ски водич – и е префрлена со хеликоптер во болница во стабилна состојба.
Швајцарското Федерално министерство за надворешни работи (EDA) ја потврдило несреќата и наведува дека генералниот конзулат на Швајцарија во Ванкувер е во контакт со надлежните власти и семејствата на загинатите.
Според канадската служба за лавини, групата која учествувала во хелискијањето најверојатно самата ја активирала смртоносната лавина.

















