ПРВ.мк
Свет

ТРАГЕДИЈА БЕЗ ПРЕСЕДАН: Напад на болница однесе голем број животи, меѓу нив деца - ова е бројот на жртви!

ТРАГЕДИЈА БЕЗ ПРЕСЕДАН: Напад на болница однесе голем број животи, меѓу нив деца - ова е бројот на жртви!
Kristal

Најмалку 64 лица, вклучително и 13 деца, го загубија животот во напад врз болница во Судан, додека 89 се повредени, соопшти Светска здравствена организација, оценувајќи дека ова е уште еден тежок удар врз веќе разорениот здравствен систем во земјата.

Цел на нападот била Наставната болница во Ел-Даеин, главниот град на Источен Дарфур. Меѓу жртвите има и медицински персонал – две медицински сестри и еден лекар, како и пациенти кои во моментот примале терапија.

Според СЗО, сериозно се оштетени педијатрискиот, породилниот и одделот за итна помош, што дополнително ја влошува состојбата за илјадници луѓе кои зависат од оваа установа.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, упати силна порака: „Доста е пролевање крв. Здравствената грижа никогаш не смее да биде цел“, повикувајќи на итна деескалација и заштита на цивилите и медицинските работници.

Невладината организација Emergency Lawyers соопшти дека нападот бил директно насочен кон болницата, што дополнително ја засилува загриженоста за намерното таргетирање на цивилни објекти.

Судан веќе речиси три години е зафатен од жесток конфликт меѓу армијата и паравоените Сили за брза поддршка (RSF), при што болници, училишта и станбени зони сè почесто се на удар – вклучително и со дронови.

Според податоците на СЗО, од почетокот на војната се регистрирани најмалку 213 напади врз здравствени објекти, со 2.036 загинати и над 720 повредени.

Регионот Дарфур останува едно од најкрвавите жаришта, каде контролата е поделена, а цивилите ја плаќаат највисоката цена. Обединети нации веќе ја оценија ситуацијата во Судан како најтешка хуманитарна криза во светот.

Извор: Скопје1.мк

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape