Две лица го загубија животот во северна Италија по серија свлечишта предизвикани од обилни дождови. Меѓу трагично загинатите е 32-годишен Германец кој неодамна се доселил во селото Брацано ди Кормонс, и 83-годишна жена чия куќа била целосно затрупана од земјиштето.
Спасувачките екипи соопштија дека младиот маж првично успеал да се извлече на безбедно, но се вратил да ја предупреди својата соседка. Во тој момент се активирало ново свлечиште, кое ги затрупало и двајцата.
Регионoт е погоден од интензивни врнежи кои предизвикаа поплави, уништувајќи куќи и блокирајќи улици. Локалните власти ја опишаа трагедијата како „страшен потсетник на опасностите од екстремните временски услови“ и ја истакнаа храброста на младиот Германец кој загинал обидувајќи се да спаси друг живот.
















