ПРВ.мк
Свет

СВЕТОТ НА НОЗЕ: Трамп бара итни мерки поради опасен вирус - се враќаат ли пандемиските денови?

СВЕТОТ НА НОЗЕ: Трамп бара итни мерки поради опасен вирус - се враќаат ли пандемиските денови?

Стравувањата од нови здравствени ограничувања и можни рестрикции повторно се актуелизираа откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара итни мерки за патниците кои доаѓаат од делови на централна Африка погодени од ебола. Според информациите што ги пренесува Reuters, Вашингтон врши дипломатски притисок врз европските земји да воведат построги контроли и ограничувања во пресрет на големите меѓународни настани, вклучувајќи го и Светското првенство во фудбал.

Загриженоста доаѓа поради ширењето на сојот на ебола познат како „Бундибуџо“, за кој здравствените власти предупредуваат дека потешко се открива во раната фаза на инфекцијата. Американските власти стравуваат дека зголемениот број меѓународни патувања и движењето на голем број навивачи може дополнително да го зголеми ризикот од ширење на вирусот надвор од погодените региони.

САД веќе воведоа мерки со кои се ограничува влезот на странски државјани кои во последните 21 ден престојувале во Демократска Република Конго, Уганда или Јужен Судан. Во дипломатска комуникација со европските влади, Вашингтон побарал сличен пристап и од европските земји, нагласувајќи дека голем број патници од Африка транзитираат токму преку европските аеродроми пред да продолжат кон други делови од светот.

Дополнителна загриженост предизвикуваат и податоците на Светската здравствена организација, според кои вирусот се ширел незабележано во одредени области подолг временски период. Официјалните информации покажуваат дека досега се регистрирани 550 потврдени случаи, од кои 101 лице починало, додека уште 94 случаи се под истрага и се сметаат за сомнителни.

Експертите предупредуваат дека токму доцното откривање на заразените лица значително ја отежнува работата на здравствените служби и следењето на контактите, што е клучно за ограничување на ширењето на вирусот.

Ситуацијата дополнително се усложнува поради отпорот со кој се соочуваат медицинските тимови на терен. Во повеќе области од централна Африка здравствените работници биле изложени на напади и закани, што ја попречува борбата против епидемијата. Според Светската здравствена организација, во моментов се следат околу 62 проценти од контактите на заразените лица, што е значително под нивото потребно за ефикасно ставање на ситуацијата под контрола.

Последниот сериозен инцидент бил регистриран во градот Бунија, каде медицински и погребни екипи биле нападнати од локални жители. Во нападот две лица биле тешко повредени, а службените возила биле оштетени, што дополнително ги отежнува напорите за справување со ширењето на вирусот.