ПРВ.мк
Свет

СТРАШНИ СЦЕНИ ВО ГАЗА: Тројца го загубија животот, меѓу ранетите и дете - ова е бројот на повредени!

СТРАШНИ СЦЕНИ ВО ГАЗА: Тројца го загубија животот, меѓу ранетите и дете - ова е бројот на повредени!

Израелските сили во петокот извршиле повеќе напади низ Појасот Газа, при што, според палестински медицински и локални извори, загинале три лица, а четворица биле ранети, меѓу кои и едно дете.

Според извештаите, нападите се случиле и покрај примирјето кое е во сила од 10 октомври минатата година.

Во најновиот инцидент, израелско беспилотно летало погодило двор на семејна куќа во бегалскиот камп Нусејрат. Медицински извори соопштиле дека едно лице загинало, а телото било пренесено во болницата „Ал-Ауда“.

Во одделни напади загинале уште две лица – едното во напад врз шатор поставен на покрив на куќа западно од градот Газа, а другото во близина на раскрсницата Ансар, југозападно од градот.

На југот на Појасот Газа, во областа Ал-Маваси и во близина на Хамад Сити, биле ранети три лица, меѓу кои девојче и постара жена.

Сведоци за локалните медиуми изјавиле дека израелски воени возила отвориле оган кон станбени области и шатори за раселените лица во различни делови на Кан Јунис. Според нивните тврдења, во нападите учествувале и израелски воени бродови кои ја гранатирале крајбрежната област.

Во меѓувреме, локални извори известиле дека биле урнати повеќе куќи и објекти во населбата Ал-Туфах, источно од градот Газа. Во воздушни напади врз напуштени згради во Ал-Туфах и Шеџаија нема пријавени жртви.

Во централниот дел на Појасот Газа, израелската артилерија ги гранатирала источните делови на Деир ал-Балах и бегалскиот камп Ал-Магази.

Според податоците на Министерството за здравство во Газа, во досегашните случаи кои палестинските власти ги опишуваат како прекршувања на договорот за прекин на огнот, загинале 1.439 Палестинци, а 5.052 се ранети.

Палестинските власти наведуваат дека од 8 октомври 2023 година во Појасот Газа загинале повеќе од 74.000 лица, а повеќе од 175.000 се ранети. Тие исто така проценуваат дека околу 90 отсто од инфраструктурата во Појасот Газа е уништена.

Најнови вести