ПРВ.мк
Свет

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Убиени тројца полицајци, членови на ИСИС ликвидирани - полицијата со детали!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Убиени тројца полицајци, членови на ИСИС ликвидирани - полицијата со детали!
Kristal

Тројца турски полицајци загинаа, а девет други беа ранети за време на судир со членови на терористичката група Исламска држава (ИСИС) во покраината Јалова, соопштија турските власти.

Инцидентот се случил околу 3 часот наутро по локално време, кога полицијата извршила рација во куќа во селото Елмалик, девет километри од центарот на Јалова. Се претпоставувало дека во куќата престојуваат членови на ИСИС.

Откако полицијата се приближила, осомничените отвориле оган. Во судирот биле убиени шест члена на ИСИС, додека на ранетите полицајци им била укажана медицинска помош во Болницата за обука и истражување во Јалова.

Во операцијата биле вклучени и специјални сили од соседната провинција Бурса, а безбедноста околу местото на настанот била засилена. Наставата во пет блиски училишта била прекината, а патиштата кон куќата затворени.

Турскиот регулатор за електронски медиуми вовел привремена забрана за известување за инцидентот, со инструкции да се објавуваат само официјални информации. Оваа операција следи по засилените антитерористички мерки на турските власти пред новогодишните празници, откако разузнавањето предупреди за можни напади од ИСИС.

На 25 декември, полицијата во Истанбул приведе 115 осомничени членови на ИСИС во рации на 124 локации по дојава дека групата планирала напади за време на Божиќ и Нова година. Издадени се налози за апсење на уште 137 лица, а запленето е оружје и муниција. Потрагата по преостанатите 22 осомничени продолжува.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape