Најмалку 19 лица загинаа, а 16 се повредени кога две соседни четирикатни згради се урнаа во текот на ноќта во градот Фес, североисточно Мароко, соопшти државната новинска агенција MAP. Инцидентот се случил во населбата Ал-Мустаκбал, каде што, според првичните информации, живееле осум семејства.
Локалните власти наведуваат дека уривањето било ненадејно и се случило под нерасчистени околности. Веднаш по пријавата, на местото пристигнале тимови на локалната администрација, безбедносните служби и цивилната заштита, кои започнале со итни операции за пребарување и спасување.
Повредените лица биле пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Фес, каде им е укажана медицинска помош. Спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат под урнатините со надеж дека ќе најдат преживеани.
Официјалната истрага е во тек, а локалните власти најавија дека ќе ги утврдат причините за уривањето и дали постоеле предупредувачки знаци пред трагедијата.
За Мароко, каде дел од урбаните населби се соочуваат со стареење на инфраструктурата и недоволна контрола, ваквите инциденти повторно го отвораат прашањето за безбедноста на станбените објекти и потребата од системски инспекции.
















