Денес утрово, полицијата спроведе координирана акција и претреси на повеќе локации во Арачиново, Мојанце, Сингелиќ, Чаир, Брест и Љуботен, насочена кон спречување недозволена трговија со оружје.
Според неофицијални информации, при претресите се пронајдени три автоматски пушки, два пиштоли, поголема количина муниција од различен калибар, како и пет моторни возила и повеќе мобилни телефони, кои се одземени за понатамошна истрага.
Неофицијално, во акцијата се приведени 12 лица, а полициските активности продолжуваат и во текот на денот.
Информацијата ја потврди и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција:„Во текот на утрово, полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, извршија претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога.“
Од Министерството за внатрешни работи се очекува официјално соопштение со повеќе детали за акцијата.
















