ПРВ.мк
Македонија

Објавен е календарот со неработни денови за 2026 – еве колку продолжени викенди ќе имаме!

Објавен е календарот со неработни денови за 2026 – еве колку продолжени викенди ќе имаме!
Kristal

Во 2026-та година граѓаните на Северна Македонија ќе имаат прилика да уживаат во 7 до 10 продолжени викенди, во зависност од верската и етничката припадност. Тоа значи повеќе време за одмор, патувања, семејство или едноставно за релаксација.

За сите граѓани на РСМ, неработните денови се:

  • 1 јануари (четврток) – Нова Година
  • 7 јануари (среда) – Божик, првиот ден според православниот календар
  • 20 март (петок) – Рамазан Бајрам, првиот ден
  • 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден според православниот календар
  • 1 мај (петок) – Ден на трудот
  • 24 мај (недела) – „Св. Кирил и Методиј“, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден
  • 2 август (недела) – Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден
  • 8 септември (вторник) – Ден на независноста
  • 11 октомври (недела) – Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден
  • 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“

За граѓаните од православна вероисповед има дополнителни празници:

  • 6 јануари (вторник) – Бадник
  • 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици)
  • 10 април (петок) – Велики Петок
  • 29 мај (петок) – Духовден
  • 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 6 април (понеделник) – Велигден, вториот ден
  • 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
  • 25 декември (петок) – Божик, првиот ден

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден

За граѓаните припадници на различни етнички заедници:

  • Албанска заедница – 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука
  • Српска заедница – 27 јануари (вторник), Свети Сава
  • Ромска заедница – 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите
  • Влашка заедница – 23 мај (сабота), Национален ден на Власите
  • Еврејска заедница – 21 септември (понеделник), Јом Кипур
  • Бошњачка заедница – 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
  • Турска заедница – 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик

Овој календар е совршена можност да ги планирате своите одмори, патувања или едноставно денови за релаксација со семејството и пријателите. Продолжените викенди во 2026 година ветуваат многу моменти за уживање и одмор!

FixCredit
Atensa 300
Escape