ПРВ.мк
Свет

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ВОЕНА КАСАРНА! Над 10 загинати и многу повредени

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ВОЕНА КАСАРНА! Над 10 загинати и многу повредени

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по силна експлозија во воена касарна во Боливија. Властите стравуваат дека бројот на жртвите може да биде поголем, додека спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините.

Боливискиот министер за одбрана Ернесто Јустинијано изјави дека најмалку 58 лица се повредени во експлозијата, која се случила откако пиротехнички материјал детонирал во воената база каде што е стациониран артилериски полк, објавува BBC.

Здравствените претставници за локалните медиуми изјавиле дека постои можност бројот на загинати да достигне меѓу 10 и 15 лица. Инцидентот се случил во градот Вјача, на околу 30 километри од главниот град Ла Паз.

Ситуацијата останува опасна бидејќи постои ризик од нови експлозии. Поради тоа, граѓаните се повикани да се оддалечат најмалку 150 метри од воената база.

Полицијата соопшти дека десетици куќи во околината биле оштетени од силната детонација. Итните служби се на терен и ги пребаруваат урнатините во потрага по евентуални преживеани и жртви.

Според првичните информации, во касарната биле складирани огномети и друг пиротехнички материјал. Сепак, точната причина поради која дошло до експлозијата засега не е позната и е отворена истрага.

Властите во Вјача прогласиле тридневна жалост по трагичниот инцидент.

Бројот на жртвите и повредените сè уште не е конечен, а надлежните предупредуваат дека конечниот биланс може да биде утврден дури по завршувањето на пребарувањето на погодениот објект.