ПРВ.мк
Свет

Стармер ја крева Британија на ниво од Студена војна

Стармер ја крева Британија на ниво од Студена војна
Escape

Британскиот премиер Кир Стармер најави историско зголемување на воената потрошувачка на Обединетото Кралство, до рекордни 5% од БДП до 2035 година – највисоко ниво од времето на Студената војна. Оваа одлука доаѓа непосредно пред самитот на НАТО во Хаг, каде што се очекува и другите членки да се обврзат на истата цел.

Стармер предупреди дека "живееме во време на нестабилност и нови глобални закани", истакнувајќи ја потребата Британија да биде подготвена и за можен директен конфликт. Новата стратегија предвидува вежби со цивилно население, активна подготовка за национален отпор и прецизно насочување на безбедносната политика.

Според владината проценка, одбранбените трошоци ќе се зголемат на 4,1% до 2027, со крајна цел од 5%. Иако не се прецизирани финансиските извори, Стармер увери дека социјалните програми нема да бидат погодени.

Дел од стратегијата е и нов однос со Кина – ќе се продолжи економската соработка, но и ќе се зајакнат мерките против кинеската шпионажа, која британските власти ја сметаат за трајна и софистицирана закана.

Овој потег е и одговор на притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп, кој бара Европа да преземе поголема одговорност за својата безбедност.

Mia Home Mavrovo