ПРВ.мк

Специјалниот пратеник на Трамп откри што се случило во моментот кога пристигнал во Кремљ

Специјалниот пратеник на Трамп откри што се случило во моментот кога пристигнал во Кремљ
Jumbo Banner

Специјалниот пратеник на Трамп, Виткоф: “Бев импресиониран кога влегов во Кремљ”

Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, изјави дека бил длабоко импресиониран од својата посета на Кремљ, каде што, како што рече, дошол со искрена намера да се придонесе за постигнување мировен договор.

„Кога дојдов во Кремљ, бев импресиониран и воодушевен. Но, тоа воодушевување не беше само поради самото место – туку поради фактот дека бев таму како претставник на американската администрација, обидувајќи се да придонесам кон мировен процес. Тоа навистина е огромна одговорност“, изјави Виткоф.

Тој истакна дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин, за првпат по многу години, гледа реална можност за „ресетирање“ на односите меѓу Русија и САД.

„Се сретнав со Путин четири пати, и ниту една од тие средби не траеше помалку од три часа“, нагласи Виткоф.

Нивниот последен состанок се одржа на 25 април, што беше четврта средба од почетокот на годината. Кремљ соопшти дека разговорот траел три часа и дека бил „конструктивен и исклучително корисен“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран