ПРВ.мк

НЕ СИТЕ – само овие пензионери претпразнично си ги добија пензиите на своите сметки

НЕ СИТЕ – само овие пензионери претпразнично си ги добија пензиите на своите сметки
Jumbo Banner

Државата повеќе од пет години пензиите наместо на петнаесети како што беше пред една деценија пензиите ги исплаќа точно на први, па така априлската пензија на сметките на пензионерите може да се очекува на 2 мај 2025.

Три банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите. Нивните фејсбук статуси ви ги пренесуваме во целост.

Фејсбук статус на НЛБ Банка

📢ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСПЛАТЕНА ПЕНЗИЈА ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ

Почитувани пензионери,

Ве известуваме дека вашите пензии се исплатени и вашите средства можете да ги користите уште веднаш. 

Ве советуваме, вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 

Пензијата можете да ја подигнете и во експозитурите на нашата Банка.

Со почит, Ваша НЛБ Банка

ФБ статус на ХАЛК БАНКА:

Драги пензионери,

Пензиите се исплатени! Од денес 29.04.2025, вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите и преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Со почит, Халкбанк АД Скопје

И Комерцијална Банка одлучи предпразнично да ги исплати пензиите.

ФБ статус на Комерцијална банка:

Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за април од среда, 30.04.2025 година. 📣

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од 30.04.2025 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. ✅

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран