ПРВ.мк

Следната недела ќе биде клучна за војната во Украина: Започнуваат завршните преговори помеѓу САД и Украина

Следната недела ќе биде клучна за војната во Украина: Започнуваат завршните преговори помеѓу САД и Украина

Следната недела нова рунда преговори меѓу Украина и САД за заеднички инвестициски фонд

Заменик-министерот за економија и трговски претставник на Украина, Тарас Качка, соопшти дека следната недела во Соединетите Американски Држави започнува нова фаза од преговорите за создавање на заеднички инвестициски фонд меѓу двете земји. Преговорите, како што најави Качка, ќе започнат во четврток, на 24 април.

– Во моментов паралелно работиме со украинските и американските правни тимови за да ги решиме сите технички прашања и да останат само најчувствителните, кои ќе бараат политичко решение – изјави Качка за украинската агенција „Укринформ“.

Тој додаде дека од текот на преговорите ќе зависи дали договорот ќе може да биде финализиран до 26 април.

Vero

– Подготвени сме да бидеме максимално ефикасни, но обемот на документацијата е голем – се работи за десетици страници – објасни тој.

Качка истакна дека нема разговори за трансформација на американската воена и економска помош во долг, туку дека суштината е САД, како еден од партнерите во Фондот, да заработи барем онолку колку што има вложено преку помош.

Според него, Украина исто така ќе има корист од идните инвестиции што ќе произлезат од функционирањето на овој фонд.

Договорот за основање на заеднички инвестициски фонд, како што најави Качка, ќе биде потпишан директно меѓу украинско државно претпријатие и Меѓународната финансиска корпорација за развој на САД (DFC).

На 17 април, двете страни веќе потпишаа Меморандум за заемна намера за економско партнерство, со кој формално е потврдена волјата за постигнување на заемно корисен договор.

Конечниот договор треба да биде финализиран и потоа ратификуван од парламентите на двете држави. Владата на Украина денеска го објави целосниот текст од меморандумот.

Agria