ПРВ.мк

Америка испрати сериозно предупредување до Европа: “Нема да чекаме”

Америка испрати сериозно предупредување до Европа: “Нема да чекаме”

САД немаат намера бесконечно да преговараат за Украина – Брус: „Состанок поради состанок не е опција“

САД немаат намера да водат бесконечни преговори околу ситуацијата во Украина, изјави портпаролката на Стејт департментот, Теми Брус, во интервју за „Fox News“.

„Важно е нашите европски партнери да го слушнат ова – нема да преговараме една година. Нема да одржуваме состаноци само заради формалност. Нема да чекаме, да се надеваме и да трошиме енергија само поради самата работа, особено кога сме пред можност за прекин на огнот што може да се постигне веднаш“, порача Брус.

Оваа изјава доаѓа во период кога западните сојузници се обидуваат да го преиспитаат својот пристап кон украинската криза, која трае повеќе од две години. Повеќе гласови од Запад бараат поактивно барање на излез од конфликтот.

Vero

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе се повлечат од преговорите ако некоја страна се обиде да ги саботира.

Трамп потенцираше дека САД не поставуваат конкретни рокови за договор, но очекуваат брз напредок на теренот.

Од Стејт департментот истовремено нагласуваат дека најавениот договор меѓу САД и Украина за соработка во областа на природните ресурси нема врска со мировниот процес или разговорите за прекин на огнот.

„Овој договор е целосно одвоен. Тоа не е дел од дипломатските напори за прекин на војната. Тоа е економска соработка, важна за Украина, но не треба да се меша со мировниот процес“, објасни Брус.

Таа додаде дека ваквиот договор покажува поддршка за економското заздравување на Украина, но дека не претставува дел од иницијативите за ставање крај на конфликтот.

Според извори на CNN, администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да го признае Крим како дел од Русија, како дел од потенцијален мировен предлог кој би требало да помогне во ставање крај на војната помеѓу Москва и Киев.

Agria