ПРВ.мк

Малолетник со мотор удрил во тројца пешаци на кејот во Охрид, во паркирано возило и на крајот избегал

Малолетник со мотор удрил во тројца пешаци на кејот во Охрид, во паркирано возило и на крајот избегал

Синоќа околу 21 часот, на улицата „Кеј Македонија“ во Охрид се случи сообраќајна несреќа во која 15-годишен мотоциклист удри во двајца малолетни пешаци, како и во 18-годишната М.И. од Скопје. По ударот, мотоциклот продолжил и се забил во паркирано патничко возило од марката „Киа“ со охридски таблички, по што возачот веднаш избегал од местото на настанот. Благодарение на брзата реакција на полицијата, малолетникот е идентификуван и пронајден. Случајот е целосно документиран и се преземаат соодветни мерки.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, М.И., како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Agria