ПРВ.мк
Свет

СКАНДАЛ ТЕЖОК МИЛИОНИ: Обложувалници мора да вратат 4,4 милиони евра – знаеле дека играчот тоне во зависност!

СКАНДАЛ ТЕЖОК МИЛИОНИ: Обложувалници мора да вратат 4,4 милиони евра – знаеле дека играчот тоне во зависност!
Kristal

Шокантна судска одлука ја тресе индустријата за онлајн обложување. Две компании од групацијата Betsson Group добија наредба да му вратат речиси 4,4 милиони евра на играч за кој знаеле дека има сериозен проблем со коцкање – но сепак го охрабрувале да продолжи.

Станува збор за фирмите NGG Nordic Ltd и BML Group, кои управувале со платформата NordicBet. Во период од 2016 до 2019 година, играчот уплатил неверојатни 56 милиони евра, склучувајќи илјадници договори.

Иако компаниите располагале со детални податоци што јасно покажувале дека лицето губи контрола – огромни уплати, зголемени влогови и постојани загуби – му било доделено ВИП-членство и бонуси за дополнително играње. Судот оцени дека ваквото однесување е спротивно на принципите на совесност и чесност, па договорите се прогласени за неважечки.

Одлуката се темели на пресуда на Врховниот суд на Шведска од 2025 година, која јасно укажува дека операторите имаат одговорност да реагираат кога ќе забележат ризично однесување.

Интересно, случајот претходно бил разгледуван од Окружниот суд во Упсала во 2023 година, кога компаниите биле ослободени од одговорност. Сега, исходот е целосно променет.

Од групацијата најавуваат можна жалба, додека здруженијата за борба против зависност од коцкање ја поздравуваат пресудата како силна порака дека профитот не смее да биде пред човечката ранливост.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape