ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Масакр на училиштен натпревар – двајца убиени, тројца критично повредени!

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Масакр на училиштен натпревар – двајца убиени, тројца критично повредени!
Kristal

Три лица, вклучувајќи го и наводниот напаѓач, се убиени вчера кога вооружен човек отвори оган на лизгалиште за хокеј на мраз во градот Патуксент, Род Ајленд , за време на младински натпревар, информираат локалните власти.

Вооружениот човек кој отвори оган на хокеарски натпревар во средно училиште во Потакет, Род Ајленд, беше идентификуван вчера вечер од полицијата. Станува збор за 56-годишниот Роберт Дорган, кој се појавува и под името Роберта Еспозито. Човекот, кој се чини дека бил на операција за промена на полот (иако ова не е потврдено од властите), убил две лица и сериозно повредил уште три пред да си го одземе животот.

Полицијата не ги објави имињата на жртвите и на стрелецот, ниту пак какви било дополнителни информации за состојбата на повредените. Гонсалвес рече дека досега собраните докази укажуваат на „семејни несогласувања“. Локалната станица на Ен-би-си њуз објави дека една од жртвите е млада девојка, но нема официјална потврда од властите. Пукањето се случило за време на натпревар во хокеј на мраз помеѓу младинските екипи, на кој биле присутни играчи и гледачи. Сведоштва од теренот Видеата што циркулираат на социјалните мрежи и се емитуваат од телевизиската станица – кои не се потврдени – покажуваат како играчите и гледачите трчаат за да се засолнат додека во затворениот стадион се слушаат повеќе истрели. „Откако беа испукани истрелите, јас и моите соиграчи се упативме кон соблекувалната“, изјави сведок на теренот за локалната телевизиска мрежа WJAR. Тој рече дека некои играчи ја држеле вратата затворена, додека останатите „се обиделе да се засолнат внатре“ во соблекувалната. Инцидентот се надополнува на долгиот список на напади со оружје во Соединетите Американски Држави, каде што има повеќе оружје отколку луѓе. Во 2024 година, повеќе од 16.000 луѓе беа убиени од огнено оружје, не сметајќи ги самоубиствата, според невладината организација „Архива за насилство со оружје“. Напади со оружје се евидентирани на сите видови места, од училишта и работни места до цркви, супермаркети, јавен превоз и јавни улици, истакнувајќи еден траен проблем што останува во центарот на јавната дебата во Соединетите Американски Држави.

ВИДЕО

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo