По неколкудневно доцнење, јануарската плата за вработените во основните училишта конечно е исплатена.
Речиси 18.000 просветни работници попладнево почнаа да ги добиваат средствата на своите трансакциски сметки, со што се стави крај на неизвесноста што изминативе денови предизвика бурни реакции во образовниот сектор.
Претходно од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура алармираа дека списоците за исплата биле „заглавени“ во Министерството за финансии поради технички причини.
Со денешната исплата, проблемот е надминат, а вработените во основното образование конечно ги добија своите заработени средства.














