Албанија е во тотален шок по откривањето на една од најголемите корупциски шеми во историјата на тамошното Министерство за внатрешни работи! Излезе на виделина дека државната каса била празна заради над 500 „невидливи“ полицајци кои редовно добивале плата, додека уживале во странство или воделе приватни бизниси.
Истрагата открива фрапантни бројки: најмалку 520 лица се воделе како активни вработени во полицијата, а со години никој не ги видел на работното место. Додека обичните граѓани верувале дека овие луѓе се грижат за нивната безбедност, „фантомските полицајци“ всушност:
- Живееле и работеле во странство;
- Развивале сопствени приватни компании;
- Земале државни пари без да мрднат со прст.
Скандалот пукна кога првиот човек на полицијата, Сокол Бижга, реши да му пресече на извесен Улијан Шпатараку. Овој „вработен“ со години земал плата, а неговото оправдување ги остави сите без зборови – наводно бил зафатен со магистерски студии. Сепак, законот е јасен: факултетот не е изговор за целосно отсуство од должноста.
Ова е само врвот на ледениот брег. Сега сите погледи се вперени во МВР на Албанија – дали ќе има масовни отпуштања и кривични пријави за оние кои го цицале буџетот додека полициските станици биле празни? Едно е сигурно, довербата на граѓаните е целосно срушена!


















