ПРВ.мк
Свет

ШОК ОТКРИВАЊЕ: Древен мајански град скриен со векови во прашума!

ШОК ОТКРИВАЊЕ: Древен мајански град скриен со векови во прашума!
Kristal

Археолозите во јужниот дел на Мексико направија неверојатно откритие – досега непознат мајански град, скриен длабоко под густа прашума во еколошкиот резерват Баламку, во државата Кампече. Локацијата била откриена со напредна LiDAR-технологија, која овозможува мапирање на теренот под крошните дрвја, а потоа потврдена со теренски истражувања во периодот од март до јуни. До неодамна, оваа област била сметана за „празна“ на археолошките карти.

Градот го нарекле Окомтун, што на јукатечки мајански значи „камен столб“, поради бројните цилиндрични камени колони кои се расфрлани низ комплексот. Јадрото на градот открива високи пирамидални градби до 15 метри, три големи плоштади со масивни објекти и терен за мајанската игра со топка, која во класичниот период имала и јавна и ритуална улога.

Водечкиот археолог Иван Шпрајц истакнува дека откритието е изненадувачко поради необичната локација – „полуостров“ на височинка, опкружен со мочуришта, што ја зачувало структурата на градбите, но и го направило местото тешко пристапно за претходни истражувачи.

Покрај главното јадро, археолозите идентификувале структури во речиси концентрични кругови и повеќе олтари, вклучително и крај реката Ла Ригуена. Првичните наоди сугерираат дека Окомтун бил важен регионален центар во класичниот мајански период, најмногу помеѓу 250 и 1000 година, со акцент на доцниот класичен период (околу 600–800 година).

Откритието повторно покажува колку важна е LiDAR-технологијата во археологијата, откривајќи градови што со векови останале невидливи во густата прашума на Јукатан.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo