ПРВ.мк
Свет

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ АТЕНТАТ ВРЗ ТРАМП?! Израел ѝ испрати тајни податоци на Америка, се огласи и Доналд: „Среќата можеби нема долго да ми трае!“

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ АТЕНТАТ ВРЗ ТРАМП?! Израел ѝ испрати тајни податоци на Америка, се огласи и Доналд: „Среќата можеби нема долго да ми трае!“

Израел сподели разузнавачки податоци со САД за наводна нова иранска завера за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, известува „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal).

Весникот се повикува на извори запознаени со разузнавачката комуникација меѓу Израел и САД, но не е јасно кога биле споделени разузнавачките податоци или преку кој канал.

Трамп, кој се соочи со неколку неуспешни атентати, вклучувајќи го и пукањето во 2024 година во кое куршум му го поткачи увото, оваа недела за време на самитот на НАТО во Анкара се осврна на заканите упатени кон него од Техеран.

„На секоја листа сум. Видов утринава, на секоја нивна листа сум. И досега, претпоставувам дека имав малку среќа, но можеби нема долго да трае“, изјави Трамп на прес-конференција.

„Волстрит журнал“ наведува дека Иран јавно се заколна на одмазда против Трамп уште во 2020 година, кога САД го убија иранскиот генерал на силите „Кудс“ на ИРГЦ, Касем Сулејмани, а повиците за смрт на американскиот претседател беа чести во претходниот период, за време на јавните комеморации и прошталаната церемонија за убиениот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.