ПРВ.мк
Свет

САНЧЕЗ СО ОСТРO ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: „Ова е апсолутна КАТАСТРОФА“

САНЧЕЗ СО ОСТРO ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: „Ова е апсолутна КАТАСТРОФА“
Kristal

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес оцени дека американско-израелската офанзива против Иран е „апсолутна катастрофа“ со сериозни последици за регионот и глобалната економија.

Пред Конгресот на Шпанија, Санчез рече дека од почетокот на конфликтот, на 28 февруари, се регистрирани скоро 2.000 смртни случаи, повеќе од четири милиони раселени лица во Иран и Либан, потрошени околу 12 милијарди евра јавни средства за воени операции, а погодени се туризмот, морската трговија и глобалниот воздушен сообраќај.

  • Цените на јаглеводородите, суровините и храната драматично пораснаа, што ја загрозува основната економска функција на светот – истакна Санчез.

Тој додаде дека конфликтот негативно влијае и на Шпанија, со зголемување на цените на горивата, пад на берзанскиот индекс Ibex 35 и загуба на повеќе од 100 милијарди евра за шпанските компании за само еден месец.

  • А сето тоа зошто? За да се поткопа меѓународното право, да се дестабилизира Блискиот Исток, повторно да се разгоруваат конфликти во Ирак и Либан и Газа да се затрупа под урнатини на заборав и рамнодушност. Ова е апсолутна катастрофа – рече тој.

Санчез нагласи дека конфликтот нема да донесе придобивки за граѓаните, како повисоки плати, поевтини станови или подобри јавни услуги.

  • Последната работа што светот ја треба е уште еден воен конфликт – додаде тој.

Тој потсети дека Шпанија постапила суверено, одбивајќи го барањето на САД за користење на шпанските воздушни бази Рота и Морон, и спровела најголема евакуација во својата историја, пренесувајќи 8.000 државјани од Блискиот Исток.

Санчез исто така потсети дека нападите на САД и Израел започнале во момент кога Американците го имаа нуклеарниот договор со Иран „во рацете“, но го отфрлија „без објаснување, без информирање на сојузниците и без правна основа“.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo