Шпанскиот премиер Педро Санчес јасно ја истакна позицијата на Шпанија во однос на конфликтот во Иран, нагласувајќи дека Мадрид не верува во решавање на проблемите преку војни и бомби. Оваа изјава следува по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе ги прекине трговските односи со Шпанија откако земјата одби да ги користи своите воени бази за напади врз Иран.
„Шпанија се противи на кршење на меѓународното право и не сака повторување на грешките од минатото. Не на војна“, истакна Санчес. Тој додаде дека американските закани и притисоци не можат да ги стават животите на милиони луѓе на ризик.
Премиерот предупреди дека конфликти како оние во Ирак доведоа до пораст на џихадистичкиот тероризам и зголемување на цените на енергенсите, и нагласи дека нападот врз Иран нема да донесе поправеден меѓународен поредок.
„Ние нема да бидеме соучесници во нешто што е лошо за светот и спротивно на нашите вредности и интереси само за да избегнеме нечија одмазда“, порача Санчес.


















