ПРВ.мк

САД одобрија, Украина добива нови ракети

САД одобрија, Украина добива нови ракети
Jumbo Banner

САД дале одобрение за трансфер на повеќе од 200 ракети од Германија во Украина, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на изјава од претставник на американскиот Конгрес.

Според истиот извор, станува збор за 125 ракети со долг дострел и 100 ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“. Иако се наоѓаат во Германија, овие ракети се од американско производство, што значи дека секој извоз мора да биде одобрен од Владата на САД, без разлика во чија сопственост се наоѓаат.

Весникот наведува дека овој чекор доаѓа во време кога западните сојузници на Украина разгледуваат испраќање на дополнителни американски ПВО системи „Патриот“ пред претстојниот самит на НАТО во Хаг, кој ќе се одржи во јуни. Меѓу потенцијалните добавувачи на овие системи се споменуваат САД и Грција.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран