Првичните податоци на американската воена и разузнавачка служба укажуваат дека воздушните напади врз три ирански нуклеарни постројки не нанеле критична штета. Според Си-Ен-Ен, основните капацитети на нуклеарната програма не се уништени, туку само привремено забавени – најверојатно за неколку месеци.
Анализата е направена од страна на Агенцијата за одбранбено разузнавање при Пентагон, врз база на проценка на штетата извршена од Централната команда на САД. Официјалните податоци сè уште не се целосни, а конечната проценка може да се промени.