ПРВ.мк
Свет

Русинка 12 дена заробена на планина – спасувањето стопирано поради бура!

Русинка 12 дена заробена на планина – спасувањето стопирано поради бура!

Надежите за спас на руската планинарка Наталија Наговичина сè повеќе исчезнуваат, откако спасувачката мисија е прекината поради екстремно лошо време на опасниот врв Џенгис Чокусу (или Врв на победата) во Киргистан.

Според информациите, на 12 август таа ја скршила ногата при спуштање од врвот кој се наоѓа на 7.439 метри надморска височина, на границата меѓу Киргистан и Кина. Од тој момент, Наталија е заробена на планината, додека спасувачките екипи неколкупати неуспешно се обидоа да ја евакуираат.

Иако група планинари успеа да ѝ достави залихи за преживување, условите не дозволија нејзино безбедно симнување. За жал, еден од спасувачите – италијанскиот планинар Лука Синигалија – загина, а неговото тело сè уште не е извлечено поради бура и тешки услови на теренот.

Оваа планина е дел од познатите "Снежни леопарди" – најопасните врвови од поранешниот Советски Сојуз, сите над 7.000 метри. Таму временските услови се сурови, а сезоната за искачување е кратка и смртоносна.

Судбината на Наталија е уште потрагична, бидејќи нејзиниот сопруг, Сергеј Наговичин, починал при експедиција на друг "леопардски" врв – Кан-Тенгри. Таа одбила да го напушти дури и кога било јасно дека спасувањето е неизвесно.

Escape