ПРВ.мк
Свет

РУСИЈА ПОДГОТВУВА ТИВКА ПРОМЕНА: „Она што следува ќе биде многу поголемо од 2022“

РУСИЈА ПОДГОТВУВА ТИВКА ПРОМЕНА: „Она што следува ќе биде многу поголемо од 2022“

Русија наводно се подготвува за можен нов голем бран на мобилизација за војната во Украина, иако Кремљ засега нема донесено конечна одлука.

Според западни разузнавачки извори цитирани од „Волстрит журнал“, Русија во последните месеци не успева да регрутира доволно нови војници за да ги надомести загубите на фронтот. Поради тоа, се разгледува можноста за мобилизација на 300.000 до 500.000 луѓе.

Во повеќе делови од земјата веќе се спроведуваат подготовки за евентуална мобилизација. Во Калининград руски офицери наводно надгледувале вежби поврзани со начинот на сместување, снабдување и вооружување на мобилизираните лица.

Кремљ, сепак, ги отфрла тврдењата дека се подготвува мобилизација и вели дека војската спроведува редовни, рутински вежби.

Последната голема мобилизација во Русија беше прогласена во септември 2022 година, кога стотици илјади мажи ја напуштија земјата, а на границите беа забележани долги колони.

Во меѓувреме, во руските градови се појавија и снимки на кои лица во цивилна облека наводно се обидуваат насилно да внесат мажи во возила и да ги одведат во регрутни центри.

Засега нема официјална одлука за нова мобилизација, а според западните проценки евентуалниот потег би можел да уследи наесен.