На 28 август 2026 година, во 02:40 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.М. (30) од Велес.
При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, за која дополнително ќе се утврдува за каква материја станува збор.
Лицето било приведено во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, против Е.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.






