На 28 август 2026 година, околу 00:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Љ.С. (76) од Струмица.
Според информациите од МВР, тој држел остар предмет во раката и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои извршувале службени задачи.
Љ.С. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






