ПРВ.мк
Свет

Рубио ja откри бројката - еве Русија колку војници има изгубено од почетокот на годинава!

Рубио ja откри бројката - еве Русија колку војници има изгубено од почетокот на годинава!
Escape

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека од почетокот на 2025 година, Русија има загубено 100.000 мртви војници во конфликтот против Украина. Ова го кажа по средбата со својот руски колега Сергеј Лавров, додавајќи дека иако загубите на украинската страна се помали, сепак се значајни.

– „Од почетокот на годинава, Русија загуби 100.000 војници кои ги нема – мртви, не ранети. Украинските загуби се помали, но не се занемарливи. Претседателот Трамп не сака војни“, рече Рубио.

Тој потенцираше дека главната цел на поранешниот американски претседател Доналд Трамп е да се запрат овие жртви и уништувања што се случуваат на дневна основа.

Рубио исто така го искажа своето разочарување од бавниот напредок во преговорите за мир, но нагласи дека САД ќе продолжат да работат со трпеливост и посветеност за да го решат конфликтот.

Од друга страна, врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександар Сирски, објави дека во првите шест месеци од 2025 година, украинските сили успеале да елиминираат над 230.000 руски војници, вклучувајќи загинати и ранети.

Mia Home Mavrovo