ПРВ.мк

Путин се скарал со Кадиров?

Путин се скарал со Кадиров?
Jumbo Banner

Односите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се влошиле во последните месеци, откако Кремљ дознал за наводни тајни состаноци на Кадиров со официјални претставници од Блискиот Исток, објави истражниот медиум IStories, повикувајќи се на безбедносни извори.

Според извештаите, Кадиров наводно барал гаранции за безбедноста на своето семејство и имот во случај да се повлече од власта во Чеченија. Иако не се споменуваат конкретни држави, е познато дека Кадиров има блиски односи со „муслиманските монархии“ од регионот и често патува во Обединетите Арапски Емирати, каде што користел елитна вила како неофицијална чеченска „амбасада“.

Истите извори тврдат дека руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го известила Путин за овие неовластени разговори, што дополнително ја зголемило недовербата во Кремљ. Дополнителни шпекулации предизвикаа и неодамнешните потези на Кадиров, како отстранувањето на неговата ќерка Аишат од функцијата заменик-премиер и пренесувањето на деловни средства на членовите на семејството.

Овие случувања доаѓаат во време кога се зголемуваат гласините за здравствените проблеми на Кадиров, а аналитичарите проценуваат дека тој можеби се подготвува за заминување од челната позиција во Чеченија.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран