Рускиот претседател Владимир Путин откри дека Москва двапати се обидела да влезе во НАТО, но и двапати била одбиена. Првиот обид бил во 1954 година, а вториот во 2000 година, за време на посетата на американскиот претседател Бил Клинтон. Путин рече дека Клинтон првично ја признал можноста, но подоцна „се предомислил“ по консултации со соработниците.
„Нашата земја, стремејќи се да ги елиминира причините за конфронтација и да создаде заеднички безбедносен простор, двапати ја објави подготвеноста за членство во НАТО… уште од самиот праг бевме одбиени“, изјави Путин, додавајќи дека западните земји не биле подготвени да се ослободат од геополитичките и историските стереотипи.
Видео: