ПРВ.мк
Свет

Путин: „Не ги трошете парите - Русија мора да биде силна!“

Путин: „Не ги трошете парите - Русија мора да биде силна!“
Kristal

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија мора да биде силна и обединета за да одговори на предизвиците со кои се соочува светот, во услови на сè почести економски шокови.

Говорејќи на конгресот на Руски сојуз на индустријалци и претприемачи, Путин нагласи дека глобалната економија влегува во „ново состојба“, каде нестабилноста во трговијата, инвестициите и меѓународните односи станува нова реалност.

Тој истакна дека суверенитетот е клучен фактор за заштита на националните интереси, додавајќи дека земјите кои се откажале од него не можат целосно да ги бранат своите интереси.

Според него, Русија успеала да ја задржи макроекономската стабилност, со контролирана инфлација и невработеност, и покрај притисокот од санкциите.

Путин ги оцени санкциите како незаконски, тврдејќи дека не се одобрени од Обединетите нации.

Воедно, тој упати предупредување до руските компании да бидат внимателни со финансиските средства:

„Ако денес пазарите се движат во еден правец, утре можат во друг – не ги трошете парите“, порача Путин, алудирајќи на приходите од зголемените цени на нафтата.

Тој додаде дека во услови на санкции и глобална нестабилност, особено поради конфликтите на Блискиот Исток, е неопходна поголема соработка меѓу државата и бизнис секторот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo