ПРВ.мк

Пристигна првиот коментар од Кремљ откако Зеленски се согласи на средба со Путин

Пристигна првиот коментар од Кремљ откако Зеленски се согласи на средба со Путин
Jumbo Banner

Прв коментар од Кремљ по прифаќањето на преговорите од страна на Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека е подготвен за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Нема смисла убивањата да продолжат. Ќе го чекам Путин во Турција, во четврток. Лично. Се надевам дека овојпат Русите нема да бараат изговори“, напиша Зеленски, притоа повторувајќи дека очекува „целосно и трајно примирје“ почнувајќи од денес.

Оваа негова порака следуваше откако американскиот претседател Доналд Трамп повика Украина веднаш да прифати преговори, со образложение дека „Западот барем ќе знае на што е“, иако самиот додаде дека „почнува да се сомнева“ во можноста за договор со Путин.

Кремљ со воздржан став

Кремљ досега воздржано ги коментираше најавените разговори. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави:

„Во принцип, остануваме посветени на сериозна потрага по начини за постигнување долгорочно и мирно решение.“

Сè уште нема официјална потврда дали Путин навистина ќе присуствува на преговорите во четврток, но Песков потсети дека рускиот претседател, во своето обраќање по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна и низ серија средби со странски лидери, јасно ја изнел позицијата на Москва — подготвеност за обновување на директните преговори со Киев, без никакви предуслови.

„Овој пристап наиде на разбирање и поддршка од лидерите на бројни земји, меѓу кои и партнерите во ЗНД и БРИКС“, додаде Песков.

Повик од Трамп и поддршка од Ердоган

Песков потсети и на изјавата на американскиот претседател Трамп, кој повика Киев да учествува на предложената средба „без било какви услови“. Дополнително, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во телефонски разговор со Путин, потврдил дека Анкара е подготвена да направи сè што е потребно за да се организираат преговорите.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран