Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера објави дека тој и неговите сојузници од „Коалицијата на подготвените“ интензивно ќе работат на воспоставување мир во Украина во следните 10 дена, јавува Скај њуз. Планот се базира на предлогот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за запирање на војната „на сегашните фронтовски линии“.
„Ова е план за прекин на огнот. Се согласивме да работиме на него во наредните недели или во следните 10 дена. Украина побара од американската администрација ракети Томахавк, но не само за нив, туку и за слични потреби“, изјави Зеленски.
Средбата меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин требаше да се одржи минатата или оваа недела во Будимпешта, но беше откажана. По тоа, Русија го тестираше својот проектил Буревестник, што предизвика негодување кај Трамп, кој веднаш упати закани кон Русија.















