ПРВ.мк
Свет

Повеќе од 20.000 документи за Епштајн ќе станат јавни – што се крие во нив?

Повеќе од 20.000 документи за Епштајн ќе станат јавни – што се крие во нив?
Kristal

Американскиот Конгрес денеска изгласа одлука според која Министерството за правда треба да ги објави сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Од 427 пратеници, само еден гласаше против, додека 427 гласаа „за“ усвојување на наредбата.

Следниот чекор е гласање во Сенатот, а доколку биде изгласана, наредбата треба да биде потпишана од претседателот Доналд Трамп, кој има овластување да наложи објавување на документите и без гласање, но сè уште не најави дека ќе го стори тоа.

Минатата недела, американските демократи во Претставничкиот дом веќе објавија над 20.000 документи од архивата на Епштајн. Тој во 2019 година во притвор изврши самоубиство, откако беше уапсен за сексуални злосторства, додека неговата поранешна девојка, Гислеин Максвел, отслужува 20-годишна казна за сексуална трговија со деца.

Објавувањето на сите досиеја ќе донесе дополнителна транспарентност околу случајот и ќе ги открие деталите што досега останале скриени од јавноста.

Escape