ПРВ.мк
Свет

Полска под тревога: Руски напади на само чекор од границата, активирани сите борбени авиони

Полска под тревога: Руски напади на само чекор од границата, активирани сите борбени авиони
Escape

Во екот на најновата ескалација во војната, Полска рано изутринава ја активираше целата своја воена авијација откако Русија изврши жестоки воздушни напади во западна Украина – на само неколку километри од полската граница.

Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека е прогласена состојба на готовност за сите борбени авиони и противвоздушни системи, со цел заштита на полскиот воздушен простор. Акцијата е координирана со силите на НАТО, потврдуваат полските власти.

Русија ноќеска лансирала рекордни 728 беспилотни летала и 13 ракети, од кои 718 дронови и седум ракети се соборени, соопштија украинските воздухопловни сили. Воздушната тревога била активирана во 02:15 по средноевропско време, откако Украина ја алармираше јавноста за масовниот напад.

Со оглед на блискоста на нападите до границата со Полска, ризикот од несакани инциденти или прелевање на конфликтот е сè поголем – предупредуваат експерти за безбедност.

Ситуацијата останува напната, а НАТО внимателно ги следи сите движења, со појачано воено присуство во источниот дел на Алијансата.

Mia Home Mavrovo