ПРВ.мк

Планот падна во вода? Европа ги доби најлошите вести во врска со Украина

Планот падна во вода? Европа ги доби најлошите вести во врска со Украина
Jumbo Banner

Европа тешко ќе собере 25.000 војници за Украина – Британија предлага мисија од 64.000 луѓе

Европските земји најверојатно нема да успеат да соберат ни 25.000 војници за евентуално испраќање во Украина, како дел од планираната мисија за сопирање на Русија, пишува британскиот Тајмс, повикувајќи се на извори блиски до воените структури.

Според наводите на весникот, началникот на британскиот Генералштаб, адмирал Тони Радакин, побарал од европските партнери да размислат за испраќање на дури 64.000 војници во Украина – и тоа по можен мировен договор со Русија.

Во изјавата од почетокот на април, Радакин соопштил дека Обединетото Кралство е подготвено да обезбеди околу 10.000 војници, а ист број најавила и Франција.

Сепак, на состанокот на т.н. „коалиција на подготвените“, одржан на 10 април, министрите за одбрана од Европската унија изразиле сериозна загриженост. Според изворите, било оценето дека „нема никакви шанси“ да се собере контингент од 64.000 луѓе и дека „дури и 25.000 би биле поттик за заеднички напори“.

Сојузниците го предупредиле британскиот министер за одбрана, Џон Хили, дека евентуално распоредување на таков број војници би барало мобилизација на околу 256.000 луѓе во рок од две години, поради неопходната ротaција на трупите – што ја доведува во прашање изводливоста на целиот план.

Меѓу земјите кои изразиле скепса се и Естонија и Финска, кои стравуваат дека би се ослабела нивната сопствена гранична одбрана. Германија е против иницијативата, но не ја исклучува целосно. Полска, Шпанија и Италија, пак, директно одбиле да испраќаат војници во Украина.

Според британски извори, можно е Велика Британија и Франција да испратат воени инструктори во западниот дел на Украина, кои би работеле на логистиката и обуката на украинските сили. Тие, меѓутоа, нема да бидат распоредени блиску до линијата на фронтот, ниту ќе обезбедуваат објекти или ќе учествуваат во директна заштита на украинската армија.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран