ПРВ.мк
Свет

ПЕКОЛ ПОД НОЗЕ: Разорен земјотрес ја погоди Јапонија – еве кој регион се тресеше во тие страшни секунди!

ПЕКОЛ ПОД НОЗЕ: Разорен земјотрес ја погоди Јапонија – еве кој регион се тресеше во тие страшни секунди!

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот во близина на јужниот брег на јапонското островo Хоншу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил регистриран на длабочина од 352 километри, на околу 110 километри југоисточно од Цу, главниот град на префектурата Мие, во кој живеат над 250.000 жители.

Според сведоштвата на граѓаните објавени на страницата на ЕМСЦ, потресот бил со подолго времетраење, при што интензитетот се движел од благи до прогресивно посилни удари. Засега нема официјални извештаи за поголема материјална штета или повредени лица.

Најнови вести