ПРВ.мк
Црна Хроника

ИГРА СО ЖИВОТИТЕ НА ДЕЦАТА: Малолетници пиеле алкохол до несвестица, еден заврши на токсикологија - еве колку лица се приведени!

ИГРА СО ЖИВОТИТЕ НА ДЕЦАТА: Малолетници пиеле алкохол до несвестица, еден заврши на токсикологија - еве колку лица се приведени!

Полициските службеници од СВР Скопје извршија вонредна и контролна рација во угостителски објект лоциран на територијата на општина Карпош, откако претходно добиле оперативни сознанија дека во локалот незаконски се точат алкохолни пијалаци на малолетници. За време на контролата, во внатрешноста на објектот биле затекнати неколку малолетни лица кои се наоѓале во видно алкохолизирана состојба, поради што полицијата веднаш интервенирала и приведе осум лица во полициската станица.

При извршеното алкотестирање во станицата, кај сите приведувани лица било утврдено присуство на алкохол во организмот. Поради лошата здравствена состојба предизвикана од прекумерното консумирање алкохол, едно од затекнатите лица морало итно да биде пренесено на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што му била укажана неопходната медицинска помош. Од Министерството за внатрешни работи најавија дека по целосното расчистување и документирање на овој инцидент, против одговорните лица ќе биде поднесен соодветен поднесок со кој се товари за кривичното дело точење алкохол на малолетници.

Најнови вести