ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ ПРЕД ИНСПЕКТОРАТОТ ВО ТЕТОВО: Се качил врз службените возила на Пазарниот инспекторат во Тетово, па кршел стакла и бришачи пред зградата!

ИНЦИДЕНТ ПРЕД ИНСПЕКТОРАТОТ ВО ТЕТОВО: Се качил врз службените возила на Пазарниот инспекторат во Тетово, па кршел стакла и бришачи пред зградата!

Непознат сторител извршил вандалски чин во доцните вечерни часови на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, оштетувајќи две службени возила користени од страна на подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат.

Според полициските информации од СВР Тетово, случајот бил пријавен од 45-годишниот А.Б. од тетовското село Џепчиште, вработен во инспекторатот, кој на 31 октомври во 23:35 часот навел дека непосредно пред тоа, односно околу 22:40 часот, забележал машко лице како се качува врз паркираните службени автомобили марка „пежо“ со скопски регистарски ознаки. Според пријавеното, сторителот со насилнички потези го искршил задното ветробранско стакло на едното возило, додека на второто го оштетил задниот бришач, по што брзо се оддалечил од местото на настанот.

На местото на инцидентот излезе специјализирана увидна екипа од СВР Тетово која извршила детален преглед, а надлежните органи во моментов преземаат интензивни оперативни мерки и активности со цел целосно расчистување на овој вандализам, обезбедување докази и идентификација и фаќање на сторителот.

Најнови вести