ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВА ПРЕСМЕТКА ПРЕД КАФЕАНА ВО ИЛИНДЕН: Расправијата заврши со удар со тврд предмет и итна полициска интервенција - еве колку лица се приведени!

КРВАВА ПРЕСМЕТКА ПРЕД КАФЕАНА ВО ИЛИНДЕН: Расправијата заврши со удар со тврд предмет и итна полициска интервенција - еве колку лица се приведени!

Во текот на ноќта, поточно денеска во 00:30 часот, во СВР Скопје било пријавено за нарушување на јавниот ред и мир и физички судир пред угостителски објект лоциран во скопската населба Илинден.

Според информациите од полицијата, инцидентот започнал по претходна меѓусебна расправија помеѓу 36-годишниот В.В. од скопското село Марино и 43-годишниот Б.Д. од Скопје. Ситуацијата брзо ескалирала кога В.В. физички го нападнал Б.Д., по што вториот учесник во тепачката употребил тврд предмет и му нанел расекотина на напаѓачот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите околности околу овој настанот, по што против инволвираните лица ќе следуваат соодветни законски поднесоци.

Најнови вести